Дома Останати Кошарка Една победа го дели Бостон од НБА историја

Една победа го дели Бостон од НБА историја

Бостон Селтикс, предводени од ѕвездите Џејсон Тејтум и Џејлен Браун ги победија Далас Маверикс со 106:99 и поведоа со 3:0 во финалето на НБА.

Селтикси со тоа се на само една победа до рекордната 18-та НБА круна, а шанса за тоа ќе имаат во четвртиот натпревар, кој е закажан за ноќта од петок кон сабота, во Далас.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Тејтум мечот го заврши со 31 поен, шест скока и пет асистенции, додека Браун забележа поен помалку со осум уловени и асистенции. Вајт броеше до 16, а успехот на Селтикси добива на значење ако се знае дека овој меч го одиграа без Порзингис, кој поради повреда се повлече два часа пред мечот.

На другата страна Ирвинг постигна 35 поени со три скока и две асистенции, додека Дончиќ заврши со 27 поени и по шест скока и асистенции за 37 минути.

Пред следниот меч, Маверикс добро знаат дека ниту еден тим во историјата на НБА плеј-офот не се вратил од негативата од 0-3 и не направила пресврт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …