Според последните информации од Италија, Манчестер Јунајтед се обидел да го доеведе Симоне Инзаги како наследник на Ерик Тен Хаг кој е под голем притисок, меѓутоа предводникот на Интер ја одбил понудата.
Инзаги има цврст договор со Интер и му оди добро во Милано и на почетокот на оваа сезона, па и не беше реално да се очекува дека ќе го напушти кормилото на „нероаѕурите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како опции претходно за клупата на „црвените ѓаволи“ се споменуваа Масимилијано Алегри, Томас Тухел и Герет Саутгејт.
Отказот Тен Хаг како што се најавува може да го добие во понеделник во случај на неуспех во натпреварот против Астон Вила овој викенд.