Евентуален трансфер на Рубен Невеш во Барселона може сериозно да ги наруши односите помеѓу тренерот Чави и претседателот Лапорта, пренесува „АС“.
Барселона мора да донесе замена за Бускетс, кој на крајот на сезоната заминува од клубот, па потрагата веќе започна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Чави инсистира како наследник на Бускетс да пристигне Асиер Иларименди од Реал Сосиедад. Во исто време претседателот Лапорта преферира да го купи Невеш од Вулверхемптон.
Невеш на лето влегува во последната година од договорот, па неговата цена драстично ќе се намали и тој трансфер ќе биде полесен за реализација.
Меѓутоа, Португалецот не е профил на играч за врска каков што сака Чави, па тоа може да донесе до голем конфликт помеѓу двајцата.