Дома Останати Кошарка Еден од најдобрите шутери на сите времиња ги промаши сите обиди во натпреварот на сезоната за Вориорс

Еден од најдобрите шутери на сите времиња ги промаши сите обиди во натпреварот на сезоната за Вориорс

Денот кога Клеј Томпсон ќе се пензионира, тој ќе влезе во историјата на НБА како еден од најдобрите шутери на сите времиња и како играч кој заедно со Стеф Кари со години ги тероризираше сите лигашки тимови со своите прецизни обиди, посебно за тир поени. Во натпреварот на сезоната за Вориорс, тој беше далеку од своето ниво.

Голден Стејт беше поразен од Сакраменто Кингс 118:94 и така остана без плеј-оф.Томпсон на паркетот помина 31 минута и 36 секунди и веројатно и самиот не памети кога последен пат имал вака лоша шутерска вечер.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Натпреварот го заврши со 0-6 тројки и 0-4 за 2 поени, што значи дека ги пропушти сите 10 обиди за поени од поле во можеби неговиот последен натпревар за Вориорс бидејќи се најавува негово заминување.

Четирикратниот НБА шампион и победник на натпреварот за шутирање три поени во 2016 година има договор со плата од 43,2 милиони долари кој го потпиша на пет години во сезоната 2019/2020.

Томпсон држи неколку шутерски рекорди во НБА од кои најзабележителни се оној со 37 постигнати поени за само една четвртина и оној со 14 тројки во еден натпревар од регуларниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн има сериозни проблеми со коленото

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, изјави дека се опоравува од повреда на ко…