Тренерот на ПСВ, Марк Ван Бомел потврди дека со задоволство би го довел Робен во неговиот тим.
Арјен Робен повеќе не е играч на Баерн Минхен. Од претходно беше познато дека искусниот Холанѓанец на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, а бројката на клубови кои сакаат да го доведат не е мала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во претходните неколку денови се шпекулираше дека го сака неговиот поранешен клуб, ПСВ и дека има интерес во тоа потврди тренерот Марк Ван Бомел.
„Го повикавме повеќе пато. Многу е едноставно. Тој ќе донесе одлука. Многу добро знам дека сите во клубот би сакале да го видиме тука, но сега му е потребно време да одлучи. Не сакам да му вршам притисок бидејќи знам дека за него тоа е важна одлука. Може да одлучи да продолжи да игра, може и да оди во пензија. Може да дојде кај нас или да оди некаде на друго место. Сигурен сум дека има многу понуди“, изјави Ван Бомел за холандските медиуми.