Шпанските медиуми пренесуваат дека Флорентино Перез е решен во намерата да „украде“ уште еден фудбалер од „пред носот“ на Каталонците.
Барса неодамна претрпе „пораз“ кога во прашање е трансферот на Дани Себаљос, кој го избра Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации кои пристигнуваат од Шпанија претседателот на Реал Мадрид е спремен, да понуди 40 милиони евра за дефанзивецот кој претходно беше означен како мета на Каталонците.
Станува збор за дефанзивецот на Ајакс, Дависон Санчез, кој воодушеви во својата дебитантска сезона во Европа.
Овој 21 годишен Колумбиец минатото лето пристигна како освојувач на Копа Либертадорес во Амстердам од Атлетико Национал за пет милиони евра и потпиша договор на пет години, но холандскиот клуб после само една сезона од него може да заработи осум пати повеќе.