Некои од најголемите европски гиганти како Јувентус, Баерн Минхен, Интер и Арсенал покажуваат сериозен интерес за младата ѕвезда на Салцбург, Доминик Собослај.
18-годишниот Унгарец е играч за врска, висок 186 сантиметри и поседува одлична техника.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Собослај игра одлична сезона во Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, кои ќе се борат за неговиот потпис.
Играчот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па неговата цена на трансфер пазарот во моментов изнесува околу 10 милиони евра.