Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за Брозовиќ

Европските гиганти се „тепаат“ за Брозовиќ

Марсело Брозовиќ би можел да го напушти Интер на крајот на сезоната како слободен агент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката, а договорот на Брозовиќ завршува на крајот на сезоната.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 6 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.

Хрватот на маса има понуда од Атлетико Мадрид, а интерес за него покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Барселона и ПСЖ.

Брозовиќ во јануари ќе биде слободен да преговара со овие клубови и стави потпис на преддоговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…