Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за дефанзивецот на Лион, Џејсон Денаир.
Договорот на 26-годишниот дефанзивец истекува на крајот на сезоната и тој на лето ќе биде слободен агент. Токму тоа е причината за големиот интерес кон него, пишуваат француските медиуми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона, Јувентус, Наполи и Њукасл покажуваат најсилен интерес за белгискиот репрезентативец. Денаир веќе одлучи да го напушти Лион на крајот на сезоната, па конкуренцијата за неговиот потпис е голема.
Белгиециот е продукт на школата на Манчестер Сити, но тој нема ниту еден меч за „граѓаните“, кои го испраќаа на позајмици во Селтик, Галатасарај и Сандерленд, а од 2018 година е во Лион.
Изминатите 4 сезони во дресот на Лион тој доживеа фудбалска афирмација, стана белгиски репрезентативец и на лето сигурно ќе направи голем трансфер.