Неодамнешната изјава на Златан Ибрахимовиќ дека сака да оди на Мундијалот и да биде во составот на Шведска на најголемата светска фудбалска смотра, предизвикаа големо внимание кај навивачите, јавноста и спортските работници во Шведска, но и ширум Европа.
Златан гостувајќи во едно популарно шоу, откри јасен став дека сака да се врати од пензија и да добие крај каков што не му беше овозможен на ЕП пред две години.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Токму затоа, медиумите се обратија кај Андерсон, кого го прашаа – колку е реално Ибрахимовиќ да биде во тимот за Мундијалот?
„Тој може да биде дел од тимот“, истакна оптимистично Андерсон.
„Ако навистина тоа го сака, треба да ме повика и да ми каже какви му се намерите. Тогаш заедно ќе седнеме и ќе разговараме за се. Но, засега сето тоа е само шпекулација“.