Дома Трансфер зона Евра: Јас го убедив Погба да оди во Јунајтед!

Евра: Јас го убедив Погба да оди во Јунајтед!

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра откри дека тој го убедил Пол Погба да се врати на „Олд Трафорд“ ова лето.

Двајата фудбалери играа заедно во Јувентус, пред Погба да биде продаден во Манчестер Јунајтед за рекорден трансфер од 110 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Му кажав дека ако го напушта Јувентус треба да се врати во Јунајтед. Јуве е неверојатен клуб и јас ќе бев среќен ако останеше со нас, но трансферот во Јунајтед беше огромна можност за него“, откри Евра.

Не е тајна дека двајцата беа исклучително блиски за време на нивниот престој во Торино и Погба во неколку наврати призна дека ги слуша советите на Евра.

„Пол ми е како брат и му посакувам се најубаво. Би ги убил луѓето кои сакаат да му направат нешто лошо. Пол има големо срце. Не сакам имиџот да му биде поважен за тоа што го прави на теренот, но не мислам дека тоа ќе се случи. Сепак има луѓе кои го критикуваат за тоа бидејќи сакаат да му наштетат, како што се обидуваа да направат со Дејвид Бекам“, тврди Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …