Левиот бек на Јувентус, Патрис Евра сака да се врати во Манчестер Јунајтед 2 и пол години откако го напушти „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Французинот во последно време го загуби местото во стартниот состав на „старата дама“, а неговиот договор со Јувентус истекува на крајот на сезоната, па е спремен да се врати во Јунајтед уште во зимскиот преоден рок.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Шпекулациите за враќањето на 35-годишниот дефанзивец на „Олд Трафорд“ дополнително се разгореа откако неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд напиша на Инстаграм: „Патрис Евра врати се дома!“
Жозе Мурињо нема стандарден играч на позицијата лев бек и ротира неколку фудбалери, а медиумите тврдат дека е спремен да го врати Евра до крајот на сезоната, а потоа да му понуди место во стручниот штаб.