Поранешниот француски лев бек од Манчестер Јунајтед, Патрис Евра истакна дека со Немања Видиќ имал посебен однос.
Двајцата, Евра и Видиќ пристигнаа во Манчестер Јунајтед во ист период, јануари 2006 година. На почетокот не им одело баш најдобро, но подоцна и двајцата прераснаа во легенди на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бевме во ист хотел, се сеќавам дека се мачевме на почетокот. Одигравме еден натпревар за резервите и бевме заменети на полувреме. Видиќ тогаш кажа дека мора да се врати во Москв, а за мене интерес покажа Рома. Заедно поминавме низ тешки моменти и затоа имам голема почит кон него“.
Иако биле добри пријатели, помеѓу нив дошло и до физичка пресметка.
„Еднаш имавме физичка пресметка. По тој момент не разговаравме три месеци. Игравме заедно, но не комунициравме, дури и кога бевме на теренот. Фергусон го ротираше Рио на левата стоперска позиција за да го стави поблиску до мене. Сето тоа траеше три месеци, тогаш Видиќ дојде и ми подаде рака во соблекувалната. Во тие моменти сите околу нас си помислија „конечно“ затоа што знаеа дека всушност сме најдобри пријатели“, изјави Евра.