Дома Трансфер зона Евра заминува – Јуве доведува уште еден Босанец!

Евра заминува – Јуве доведува уште еден Босанец!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус постигнал комплетен договор со босанскиот репрезентативец и член на Шалке, Сеат Колошинац.

Колошинац игра фантастична сезона во дресот на Шалке и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а „Скај Спорт“ тврди дека веќе постигнал договор со италијанскиот шампион Јувентус.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Раководството на „старата дама“ во него гледа идеална замена за Патрис Евра кој најверојатно ќе го напушти клубот уште во зимскиот преоден рок.

Договорот на Колошинац истекува на крајот на сезоната и од следното лето сигурно ќе го облече дресот на Јувентус, но италијанскиот клуб ќе се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок.

Доколку не успее да постигне договор со Шалке, Босанецот ќе му се приклучи на „бјанконерите“ по завршување на сезоната и тоа како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…