Вардар го доби Фенербахче за ривал во плеј-офот во Лигата на Европа, па македонскиот шампион за прв пат во историјата ќе игра во европските натпревари против екипата од Истанбул.
Фудбалерите на вардар признаваат дека проптивникот е тежок и има искуство во европските натпреварувања, но не се откажуваат пред време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добивме силен противник, но не се плашиме. Ќе одиме да се надигруваме со нашиот ривал. Станува збор за екипа составена од играчи кои играле во најсилните првенства и секогаш имаат фудбалски ѕвезди. Мислам дека ќе бидат два добри натпревара пред многу публика, и во Скопје и во Истанбул. Досега на сите натпревари одевме со цел. Полни сме со оптимизам, веруваме дека можеме да го поминеме Фенербахче. Против секој тим даваме максимум, така ќе биде и на овие два натпревара“, изјави Бобан Николов.
„Фенербахче е силен противник, еден од најсилните што можеа да ни се паднат. Секоја година игра во групна фаза во Европа и секоја сезона се бори за титулата во Турција. Ќе бидат два интересни натпревара, верувам дека трибините ќе бидат полни и на двата меча и ќе играме пред добра атмосфера. Противникот е силен, меѓутоа ќе одиме да се надигруваме, ќе се обидеме да направиме добар резултат и да влеземе во групната фаза од Лига Европа“, изјави Стефан Спировски.
Фенербахче е тим составен од искусни фудбалери, турски репрезентативци и странци, меѓи кои и ѕвезди од калиброт на Робин ван Перси, Мартин Шкртел, Маурисио Исла, Матие Валбуена…