Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што велат правилата – дали голот на Роналдо беше регуларен!?

Еве што велат правилата – дали голот на Роналдо беше регуларен!?

За судијата да ја прекине играта и да свирне офсајд, играчот мора активно да учествува во играта, да влијае на играта или на противникот.

Првиот гол на Кристиано Роналдо против Атлетико Мадрид синоќа предизвика поделени реакции кај фудбалските фанови ширум светот, па ние ви претставуваме што велат правилата на ФИФА за ваквата ситуација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Правилото број 11 е задолжено за офсајд и во него стои дека играчот не ги крши правилата доколку само се наоѓа позади задната линија на одбраната, па за да дојде до прекин на играта тој мора активно да учествува во неа. Од друга страна ова правило индицира дека играчот кој е во недозволена позиција не може да учествува во играта, на противникот или да си создаде било каква педност.

Дали Роналдо учествува активно во играта во спорната ситуација? Дали влијае на играта? Дали влијае на противникот и дали од таа ситуација си создава предност во однос на противникот? Доколку на било кое од овие прашања има барем еден потврден одговор, Роналдо би бил во недозволена ситуација.

На основа на овие правила сами одредете дали голот на Португалецот беше регуларен или не!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…