Францускиот фудбалер, Осман Дембеле е последната аквизиција на Барселона во овој трансфер период.
Очајниот трансфер период за Барселона заврши со доведувањето на Дембеле од Борусија Дортмунд. Овој 20-годишен играч е платен неверојатни 105 милиони евра, а Барса ќе плати уште 35 милиони евра преку различни бонуси што овој фудбалер го прави најскапото засилување во историјата на клубот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Дембеле пред две години беше член на резервниот тим на Рен кој игаше во петата француска лига, а денеска е во Барселона. Сепак, мора да се признае дека цифрите многу пораснаа ова лето, а тоа најмногу го потврдува колку Дембеле ќе заработува на „Камп Ноу“.
Шпанските медиуми успеаа да откријат дека Дембеле ќе добие дури 12 милиони евра „на рака“ од овој трансфер, а вклучувајќи ги бонусите и оваа сезона францускиот тинејџер би можел да добие неверојатни 20 милиони евра. Парите полека, но сигурно ја одземаа најважната споредна работа во светот за секоја смисла.