Како што пренесува „Sky Sports“, судбината на францускиот стратег на клупата на Арсенал наскоро ќе биде позната.
Арсенал го совлада Челзи во финалето од ФА Купот и така дојде до утешната награда оваа сезона, која мора да се смета за неуспешна и покрај освојувањето на трофејот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Останаа без ЛШ, не е познато дали во клубот ќе останат најдобрите играчи, Озил и Санчез, а навивачите често бараа Венгер да си замине од клубот.
Сепак, Французинот ја преживеа сезоната, го освои и седмиот трофеј во ФА Купот на клупата на Арсенал, а одлуката за неговата судбина ќе биде донесена следната недела.
Веќе некоре време се пишуваше дека управата на Арсенал ќе зборува со Венгер по натпреварот на „Вембли“, а сега реномираниот „Sky Sports“ пренесува дека одлуката за неговото останување на кормилото на Арсенал ќе биде донесена во вторник или среда.