Баерн на почетокот на преодниот рок го доведе веројатно најголемото засилување за идната сезона, долгоочекуваниот Лерој Сане вчера вечерта пристигна во Минхен на лекарски прегледи.
Во текот на денешниот ден Сане ќе ги помине прегледите после што неговиот трансфер во Баерн ќе биде официјализиран. Баерн го купи Сане за нешто помалку од 50 милиони евра, а таа сума може да порасне и до 60 милиони евра со дополнителни бонуси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По овој трансфер Германците направија и тим на Баерн со Сане. Тимот е составен под претпоставка дека Алкантара ќе замине, а клубот ќе се договори со Баерн за продолжување на договорот.
Еве како изгледа: