Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер оваа сезона изгледа навистина фантастично.
Додека Мурињо беше на клупата „црвените ѓаволи“ беа далеку од местото кое води во Лигата на шампионите, меѓутоа сега со Солскјер се е поинаку и не е нереалано овој клуб сезоната да ја заврши во топ 4.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Местото во Лигата на шампионите освен што носи финансиска помош сигурно дека би помогнало некои играчи да го изберат Манчестер Јунајтед за нивна следна дестинација. Се очекува управата на Јунајтед на Сослкјер (под претпоставка дека ќе добие договор) да му обезбеди тим со кој ќе може да се бори за титулата.
Промени во составот на Манчестер Јунајтед се очекуваат пред се во одбраната каде што англиските медиуми пишуваат за дури три нови имиња.
Според она што сега може да се прочита на Островот на десната бековска позиција како засилување би можел да биде доведен Ван-Бисак од Кристал Палас, додека стоперските позиции се препуштаат на двајца играчи од Серија А – Кулибали од Наполи и Скриниар од Интер. Местото лев бек е обезбедено со Лук Шо кој неодамна потпиша нов договор.
На остатокот од тимот (средниот ред и нападот) не му се потребни големи промени, па би можеле да видиме само една. Во средниот ред Манчестер Јунајтед се поврзува со ангажман на Хрватот кој е на излезни врати од Барселона, Иван Ракитиќ. Ракитиќ веројатно ќе ја напушти Барселона во тоа се убедени сите шпански медиуми, но за неговиот потпис сериозен интерес покажува италијански Интер.
Во нападот на „ѓаволите“ промени не се очекуваат.