Дома Фудбал Англија Еве ги калкулациите: Ви откриваме какви бомби во Англија крие зимскиот преоден рок

Еве ги калкулациите: Ви откриваме какви бомби во Англија крие зимскиот преоден рок

Менаџерите на најсилните клубови ќе имаат полни раце работа и во зимскиот преоден рок, а како се важни и пристигнувањата, исто толку се важни и заминувањата од екипата.

Челзи


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Оваа зима би можел да замине Бачуаи, бидјеќи нема важна улога во системот на Конте. Покрај него, не треба да се заборави и Цеск Фабрегас, меѓутоа, само во случај Конте да пронајде замена за него.

Ливерпул

Емре Џан понуда од Интер, се знае дека заминува, но прашање е каде. Покрај него, надвор од сите замисли на тренерот е и Марко Грујиќ, кој игра во резервниот тим, а бидејќи на маса има понуди од Франкфурт, Фрајбург, Валенсија и Гранада, јасно е дека ќе замине во јануари.

Манчестер Сити

Пеп Гвардиола во овој момент ги користи сите свои играчи и тешко дека ќе дозволи било каква продажба оваа зима.

Арсенал

Единствен играч кој заслужува поголема улога и минутажа е Џек Вилшер кој сака повеќе да игра, а англиските медиуми неговото заминување го гледаат како потенцијална зимска бомба.

Тотенхем

Маурисио Покетино исто така ја затегна својата екипа, а единствен кој може да замине е стоперот Хуан Фојт. Тој немаше место ниту во отсуство на Алдервилд, бидејќи Дајер доби шанса пред него. Хуан Фојт се споменува како замена за Ван Дајк доколку тој го напушти Саутемптон и премине во Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед

Овој тим би можел да остане без најмногу играчи оваа зима, бидејќи на листата се Дармијан, Фелаини и Ешли Јанг. Јанг е блиску до Евертон, Фелаини веќе беше на преговори во Милано, се чека расплетот околу Белгиецот, додека Дармијан познато е дека ќе се врати во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…