Фудбалерите на Евертон в четврток играат на гостински терен против Хајдук во рамки на реванш дуелот од плеј-офот од Лига Европа.
Евертон во првиот меч славеше со 2:0 на „Гудисон Парк“, но овој меч го одбележа прекинот кој го предизвикаа навивачите на Хајдук. Тие направија вистински хаос на трибините по што главниот судија на овој меч беше принуден на неколку минути да го прекине дуелот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој потег на навивачите на Хајдук ја шокираше јавноста во Англија, но и во Европа. Во Евертон веќе се подготвени за овој меч, а за навивачите кои ќе патуваат во Хрватска испратија барање.
Од Евертон порачуваат навивачите на клубо во Сплит да не прават проблеми бидејќи од сплитската полиција добиле известување дека секој помал инцидент ќе биде жестоко санкциониран. На навивачите им се советува да направат своја фан зона, и да не се издвојуваат поединци од групата.
Исто така, договорено е полицијата да ги следи навивачите на англискиот клуб, но и по завршувањето, со цел да се избегнат евентуални судири со навивачите на хрватскиот клуб.