Дома Останати Ракомет Душебаев: Македонија го има најдобриот тренер во светот

Душебаев: Македонија го има најдобриот тренер во светот

Македонија во недела ја очекува нова битка на Европското првенство во Хрватска и тоа против силната селекција на Шпанија.

Во „црвената фурија“ секако настапува и човекот кој долг период настапуваше за македонскиот и европскиот шампион, Алекс Душебаев кој сигурно добро го познава македонскиот ракомет.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Душабев пред овој натпревар зборуваше за одличниот настап на Македонија во досегашниот дел од Европското првенство.

„Македонија е вистинска сензација на ова Европско првенство, но тие го имаат најдобриот тренер во светот и знам дека ова ќе биде неизвесен натпревар. Македонија влегува со три, ние со два бода поради тоа ова ќе биде предизвик за нас да излеземе и да ги освоиме бодовите од овој натпревар“, изјави Душабеав.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра во недела со почеток во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Дали ова е најдобрата одбрана на ЕП во ракомет?

Ракомената репрезентација на Данска ја совлада Германија со 31:26 во третото коло од втора…