Дома Топ вести Дуото на Манчестер Јунајтед новогодишен поклон за Венгер

Дуото на Манчестер Јунајтед новогодишен поклон за Венгер

Екипата на Арсенал ќе се обиде во јануари да се засили со двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Како што пишува „Mirror“, тренерот на Арсенал, Арсен Венгер во својот тим сака да ги види Ентони Мартиал и Лук Шо, и ќе се обиде да ги ангажира уште во јануарскиот трансфер период.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Шо веќе е познато дека е на трансфер листата. Тој сигурно ќе биде продаден, а секако дека Арсенал за 22-годишниот лев бек ќе биде нов голем предизвик во кариерата.

Од друга страна, шансите за доведување на Мартиал се многу мали. Иако францускиот играч поголеми шанси за игра кај Мурињо добива од клупата, тој навистина игра одлично, но малата минутажа би можела да го доведе до одлука да го напушти „Олд Трафорд“.

Ќе биде интересно да се види дали Венгер ќе ги исполни новогодишните желби, а Французинот има високи цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…