Дома Фудбал Останато Дуел на титаните на „Сан Сиро“

Дуел на титаните на „Сан Сиро“

Вечерва се играат реванш осминафиналните дуели во Лига Европа, а сите очи ќе бидат вперени на „Сан Сиро“, каде Милан го пречекува Манчестер Јунајтед, после ремито на „Олд Трафорд“.

Милан: Росонерите и понатаму се во криза

Колку и да играа добро фудбалерите на Милан во првито дел од сезоната, мора да признаеме дека имаат проблеми во продолжението на шампионатот во последно време. Некако најдобар покзател за тоа ни е податокот дека во Серија А во еден период имаа четири бода повеќе на табелата во однос на Интер, а во овој момент, градскиот ривал има предност дури од 9 бода благодарение на лошите партии на овој клуб. Што се однесува до Лига Европа, во првиот натпревар имаа многу среќа , бидејќи до реми резултат стигнаа во последните моменти од натпреварот. Сега е важно што на терен се враќа Ибрахимовиќ кој ќе биде сигурно на теренот од самиот почеток.

Манчестер Јунајтед: Можат ли Ѓаволите да поминат понатаму?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Генерално, впечатокот е дека сите фанови на Манчестер Јунајтед имаа многу причини за задоволство кога е во прашање оваа сезона. Имено, Манчестер Јунајтед е на второто место на табелата на Премиер лига позади Манчестер Сити кој во овој момент има дури 14 бода повеќе на табелата. Како и да е, тие за оваа сезона се на вистински пат да ја исполнат својата цел, а тоа е да обезбедат пласман во Лигата на шампиони за следната сезона. Во Премиер лига остварија важен триумф и тоа на домашен терен против Вест Хем со минимални 1-0, а на тој начин ја врзаа 16-та победа во шампионатот. Што се однесува до комплетноста на составот, Солскјер не може да смета на Кавани, Џонс и Мата, а под голем прашалник е и Марсијал.

Наш предлог

Нема никаков сомнеж дека не очекува еден интересен натпревар. Манчестер прикажа нешто подобра игра во првиот натпревар, но Росонерите не се тим кој треба да се потцени. Како прв предлог ви нудиме ГГ со квота 1.75 во 1xBet, а исто така може да испробате со Х за што ќе си добиете квота 3.40 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Избрани најдобрите во Серија А за изминатиот месец

Фудбалерот на Наполи, Грузиецот, Квича Кварацхелија е прогласен за најдобар фудбалер во ит…