Дома Фудбал Англија Друго и не очекувавме: Мурињо ги обвини судиите за поразот!

Друго и не очекувавме: Мурињо ги обвини судиите за поразот!

Манчестер Јунајтед продолжи со серијата на лоши резултати и денес доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Вест Хем со 3:1.

Иако целата јавност го критикува токму Мурињо за лошите резултати, „Специјалниот“ по мечот директно ги обвини судиите за поразот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Имаме менталната нестабилност, а примен гол после пет минути не е најдобар начин да се почне натпреварот. Меѓутоа, мора да се напомене, голот беше постигнат од чист офсајд“, истакна Мурињо.

„Третиот гол не уништи прихички бидејќи судијата не успеа да види дека имаше фаул над Рашфорд претходно. Имавме дваесет минути да се обидеме да постигнеме втор гол, но загубивме верба. Притоа, голманот на Вест Хем беше фантастичен“, додаде Мурињо.

Португалецот не спомна ништо за играта, но потенцираше дека го ставил Марсијал во игра затоа што сите тоа го барале од него.

„Со месеци сите бараа од мене да му пружам шанса на Марсијал пред Алексис Санчез. Јас одлучив сега да му дадам шанса“, изјави Мурињо алудирајќи на слабата партија на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид и ПСЖ освен за финале вечерва играат и за богата награда: Еве колку ќе заработи победникот

Денеска на стадионот МетЛајф во Њу Џерси се игра второто полуфинале од Светското клупско п…