Дома Фудбал Останато Дрогба најави крај: Веќе имам 40 години, време е

Дрогба најави крај: Веќе имам 40 години, време е

Дидиер Дрогба донесе одлука наскоро да стави крај на блескавата фудбалска кариера.

Поминаа цели 20 години откако Дидиер Дрогба зачекори на фудбалскиот терен во дресот на Ле Ман, сега легендарниот фудбалер одлучи да стави крај на кариерата по завршувањето на тековната сезона.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Доцна стигнав на највисоко ниво. Сакам да играм, ми се допаѓа улогата на сопственик и фудбалер во исто време. Сакам да играм со млади фудбалери, но оваа сезона за мене последна. Веќе имам 40, време е “, изјави Дрогба.

Иначе, Дрогба во овој момент е сопственик и фудбалер на клубот Финикс Рајзин кој се натпреварува во второто по ранг натпреварување во САД и Канада, веднаш зад МЛС.

Се шпекулираше дека Дроба би можел да се врати во Марсеј и да превземе една од директорските функции во клубот со кој ја освои титулата во Купот на УЕФА 2004 година, но барем засега од тоа нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…