Дома Фудбал Останато Дрогба: Меси не е на нивото на Пеле и Марадона, но не е и далеку од нив

Дрогба: Меси не е на нивото на Пеле и Марадона, но не е и далеку од нив

Поранешниот напаѓач на Челзи, Дидиер Дрогба го почитува Лионел Меси, но сепак смета дека Аргентинецот не е најдобар фудбалер на сите времиња.

Во разговор за медиумите, Дрогба порача дека Меси е најдобар фудбалер на денешницата, но дека сепак кога станува збор за сите времиња потенцираше дека Марадона и Пеле сепак се пред него.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Доколку Меси сега ја заврши кариера ќе може да каже дека е еден од најголемите. Тој е посебен играч, но не е на нивото на Марадона и Пеле, барем не се уште. Но, искрено не е далеку од нив. Кога Меси би ја освоил титулата на Мундијалот тоа би го направило уште по легендарен“, изјави Дрогба.

Лео Меси (30) во својата кариера освои пет Златни топки и четири пати триумфираше во Лигата на шампионите, но успехот со репрезентацијата на Аргентина изостана. Најблиску до титулата шампион на светот беше во 2014 година во Бразил каде што во финалето беа поразени од Германија после продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова бура во Манчестер јунајтед: Гарначо се соочи со камерите по финалето и го нападна Аморим

Манчестер Јунајтед беше поразен во финалето на Лига Европа од Тотенхем со 1:0 (1:0) и кога…