Дома Македонски спорт Мак фудбал Дресот на капитенот на Работнички на аукција, парите ќе се донираат за погодените од земјотресите во Турција и Сирија

Дресот на капитенот на Работнички на аукција, парите ќе се донираат за погодените од земјотресите во Турција и Сирија

ФК Работнички се вклучи во акцијата на Европската асоцијација на клубови (ЕКА) за собирање на финансиски средства за помош на погодените подрачја во катастрофалните земјотреси во Турција и во Сирија.

Клубовите членки на ЕКА на ауција ќе дадат дресови од повеќе од 200 фудбалери, а собраните средства ќе бидат донирани.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


ЕКА за овој проект има соработка со MatchWornShirt (MWS) и ауцијата ќе биде спроведена онлајн на следниот сајт  www.matchwornshirt.com/eca, од 3 јуни (14.00 CET) до 17 јуни (14.00 CET).

ФК Работнички за оваа акција на ЕКА го донираше дресот на капитенот Крсте Велкоски и за него ќе може да се наддава на следниот линк

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Чкембари“ и Пелистер донираа 360.000 денари за настраданите во Кочани

Фудбалскиот клуб Пелистер и неговата верна навивачка група „Чкембари“ уште еднаш покажаа д…