Иако се мислеше дека Јулијан Дрекслер пристигнува во ПСЖ како замена за Хесе, сепак медиумите тврдат дека Германецот најверојатно ќе биде замена за Ди Марија, кој е на излезна врата од клубот.
Ди Марија не е задоволен во Париз и сака да ја промени средината, а таквата ситуација сакаат да ја искористат кинеските клубови кои се спремни да го направат најплатен фудбалер во светот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, „Екип“ тврди дека неговиот менаџер Жорге Мендеш започнал преговори со кинески клуб кој е спремен да му понуди 30 милиони евра годишно на Ди Марија.
28-годишниот Аргентинец не може да остане имун на кинеските милиони и е спремен да ја прифати понудата, па со тоа ќе стане и официјално најскапо платениот фудбалер во светот.
Кинескиот клуб е подготвен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе ги задоволи барањата на „светците“, особено сега кога донесоа замена за Аргентинецот.