Германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер оваа зима го напушта Волфсбург и е многу блиску до трансфер во Пари Сент Жермен, пренесуваат германските медиуми.
Дрекслер и во текот на летниот преоден рок изрази желба да ја промени средината, па иако имаше богати побуди за него од Арсенал и ПСЖ, сепак Волфсбург сакаше да ја задржи својата најголема ѕвезда.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Германскиот клуб тогаш потврди дека одбиле понуда од 70 милиони евра за Дрекслер, но факт е дека погрешиле бидејќи 6 месеци подоцна играчот е надвор од тимот поради конфликт со тренерот и раководството и неговата цена драстично се намали.
„Ле Паризиен“ пишува дека Дракслер е пред трансфер во ПСЖ за 36 милиони евра, и дека францускиот клуб ја победил конкуренцијата во името на Арсенал и Манчестер Сити.
ПСЖ сака да го комплетира трансферот во јануари, најмногу поради фактот што Дрекслер може да настапува во Лигата на шампиони и ќе му помогне на тимот во двомечот против Барселона.