Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Драма со тажен крај за Јапонците: Чадли егзектур на перфектната контра во 94-та минута за четвртфинале на Белгија!

Драма со тажен крај за Јапонците: Чадли егзектур на перфектната контра во 94-та минута за четвртфинале на Белгија!

Во фантастичен натпревар Белгија успеа да ја елиминира Јапонија со 3:2.

Јапонците долго ќе жалат за овој натпревар!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После првите 45 минути во кои можеме да кажеме дека гледавме досаден фудбал, во вторите 45 минути следуваше вистински спектакл!

Јапонија после седум минути игра во вториот дел успеа да го шокира фаворитот и да постигне два гола. Харагучи постигна гол за водство во 48 минута, а потоа Инуи со удар од далечина успеа да погоди за 0:2.

Во тие моменти се најавуваше нова сензација, но Белгија не мислеше така.

Во живот ги врати чудниот гол на Веронген во 69 минута, а само пет минути подоцна Маруан Фелаини погоди за 2:2.

Иако резултатот беше нерешен двете селекции продожија да напаѓаа, Јапонија создаде неколку добри прилики, се закануваше Хонда од далечина, а за промашувањата беа сурово казнети.

Перфектна контра изведоа Белгијците откако Јапонците тргнаа по трет гол на еден корнер, а егзектурот во 94 минута беше Насер Чадли.

Белгија така обезбеди четвртфинале во кое ќе игра против Бразил, додека Јапонија пропушти прилики за прв пат во својата историја да игра во едно четвртфинале.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Емерик Лапорт се сели во Серија А

Емерик Лапорт пред две години го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи …