Дома Останати Тенис Драма на УС Опен. Зверев го прекина натпреварот: Исфрлете го, го велича Хитлер!

Драма на УС Опен. Зверев го прекина натпреварот: Исфрлете го, го велича Хитлер!

ДРАМАТИЧНИОТ осминафинален натпревар на УС Опен меѓу Александар Зверев и Јаник Синер беше прекинат во четвртиот сет бидејќи Зверев, дете родено во Германија од руски родители, се пожали дека навивач на трибините го велича Адолф Хитлер.

При резултат 2:2, Зверев ја прекина играта, му пријде на судијата и му рече: “Некој од публиката ја извикува најпознатата фраза на Хитлер во историјата! Ова е недозволиво!”

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Судијата полуде на тоа, се сврте кон публиката и викна: “Кој го рече тоа? Кој го рече тоа? Крени рака! Кој го рече тоа?”

По завршувањето на натпреварот, обезбедувањето го пронајде навивачот што скандираше и го исфрли додека публиката скандираше во знак на одобрување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…