Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Драма на стадионот: Маскирано лице висеше на кровот🎥

Драма на стадионот: Маскирано лице висеше на кровот🎥

Дуелот меѓу Германија и Данска имаше 20-тина минути прекин во првиот дел поради лошите временски услови, а потоа доцнеше и стартот на второто полувреме.

Телевизиските камери покажаа како капитените на двата тима заедно со главниот судија гледаат нагоре, а сега е позната причината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, почетокот на второто полувреме беше одложен бидејќи непознат маскиран маж со ранец на грб се качи на покривот на стадионот.

„Едно лице се качи на покривот на стадионот во 22:27 часот. Полициските сили му пристапија за да разговараат со него и да му обезбедат безбеден пат за симнување од покривот. За да го направат тоа, полициски хеликоптер го осветли покривот на стадионот. Во моментот не можам да дадам информации за мотивот и идентитетот на тој човек“, изјави портпаролот на германската полиција, Петер Бандерман.

Германските медиуми ги пренесоа наводите на полицијата дека станува збор за 21-годишен маж од Оснабрик, град кој се наоѓа северно од Дортмунд. Тој е уапсен, а полицијата истакна дека „во ниту еден момент не постоеше опасност за другите луѓе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…