Дома Останати Кошарка НБА Драма во НБА: Поради бомба играчите и навивачите бегале од арената!

Драма во НБА: Поради бомба играчите и навивачите бегале од арената!

Во Винивит Смарт Арената каде што се играше натпреварот помеѓу Јута и Голден Стејт се одвивала вистинска драма.

Натпреварот на овие два тима донесе интересна кошарка, а на крајот славеше Јута со 113:109, сепак она што се прикажа на паркетот на крајот беше засенето со сомнителен пакет.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Полицијата забележувајќи дека нешто се случува им наредила на играчите и навивачите што побрзо да ја напуштат арената, меѓутоа на крајот се покажало дека паниката била непотребна. После акција која траела два часа се покажало дека во пакетот со големина на кутија за чевли немало експлозивна направа.

„Бевме известени дека под една маса во ресторанот има сомнителен пакет. Не знаевме што се наоѓа во неа, па поради сигурност бевме приморани да ја евакуираме арената, стравувавме од експлозија“, изјавил еден од полициските службеници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Судијата Радески спаси живот на фудбалер 🎥

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – За…