Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Драма во групата Ф, Германија се спаси, Португалија на трето место🎥

Драма во групата Ф, Германија се спаси, Португалија на трето место🎥

Вистинска драма се случуваше во Групата Ф, каде Германија до пет минути пред крајот беше на последното место, но се спаси со голот на Горецка.

Унгарија беше на чекор да го приреди најголемото изненадување на ЕУРО и имаше водство против Германија до самиот крај. Уште во 10-та минута „панцирите“ имаа негатива откако Салај го матираше Ноер, а со тој резултат се замина на полувреме.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Германците се мачеа се до 66-та минута кога Хаверц го израмни резултатот, а во следната акција Унгарија повторно дојде во водство со голот на Шафер.

Германците беа аут од ЕУРО се до 84-та минута кога Горецка погоди за 2:2, резултат со кој завршија на второто место во групата.

Големото дерби помеѓу Франција и Португалија исто така заврши без победник (2:2), а во главна улога беа Роналдо и Бензема.

Најпрво прецизен од белата точка беше Роналдо за предност на Португалија, а при крајот на полувремето Бензема го израмни резулатот исто така од пенал.

На самиот старт на вториот дел Бензема ја донесе Франција во предност, но потоа следуваше нов пенал за Португалија, после играта со рака на Кунде, а прецизен повторно беше Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Братот на Џуд Белингем нема да го носи презимето на дресот: Има и добра причина

Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, по име Џоб, ова лето направи тран…