Дома Фудбал Останато Дракслер ова лето имал само една желба, а таа била да се пресели во…

Дракслер ова лето имал само една желба, а таа била да се пресели во…

Германскиот фудбалер кој настапува за ПСЖ, Џулијан Дракслер сигурно нема да има лесна сезона.

Ако постои некој во ПСЖ кој не е среќен поради доаѓањето на фудбалските ѕвезди, тогаш веројатно е тој. Како до сега во ПСЖ да немаше голема конкуренција во офанзивниот среден ред, па сопствениците ги доведуа уште Нејмар и Мбапе.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Сосема е јасно дека Дракслер оваа сезона нема да игра многу, но тој ќе биде единствената ѕвезда на оваа екипа која поголемиот дел од оваа сезона ќе го помине на клупата. Загрозени се и Ди Мариа, Пасторе, Бен Арфа и Лукас Моура.

Сепак, Дракслер беше тој кој ја кроеше својата судбина ова лето. Тој имаше прилика да го напушти ПСЖ, бидејќи за неговите услуги беа заинтересирани Дортмунд и Арсенал, но тој сакаше само во Барселона.

Како што преенсува шпанскито „Mundo Deportivo“, агентот на Дракслер ова лето два пати бил во Барселона за да ги спроведе разговорите, но до договор сепак не дојде. Истиот извор пренесува дека Дракслер бил четвртата желба на Каталонците и тоа зад Кутињо, Дембеле и Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим инсистира на ангажирање на нов играч во средниот ред уште во јануари, има конкретно име на ум

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим продолжува да врши притисок врз раководството…