Наскоро во Серија А ќе бидат отворени фудбалските стадиони со 65% од капацитетот, а со очекува до крајот на годината да бидат пуштени со целосен капацитет.
Италија е една од земјите кои беа најмногу погодени од коронавирусот, но ситуацијата на Апенините се стабилизира. Публиката на фудбалските стадиони се врати од почетокот на сезоната, но само со 50% капацитет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека наскоро капацитетот ќе биде зголемен на 75%, а до крајот на 2021 година ситуацијата да се врати по старо, со целосно исполнети стадиони.
„Целта е до крајот на годината целосно да ги отвориме стадионите. Мораме да останеме внимателни, но не и уплашени“, изјавија од минстерството за здравство.