Герет Бејл повеќе не е во плановите на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Како што пишува Марка, францускиот стручњак јасно му порачал на Бејл дека не смета на неговите услуги, а Кралевите се спремни на радикален потег и Велшанецот да го пуштат од клубот без обештетување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бејл со Реал има договор уште две години. Меѓутоа, не е во плановите на легендарниот Зидан, што јасно покажува фактот дека во 2020. година настапи само три пати.
Неговата огромна плата од 20 милиони евра и фактот што поради Брегзит повеќе нема да биде играч од ЕУ, дополнително му прави проблеми на Реал и веројатно ќе му дадат одврзани раце да си пронајде нова средина.
За Кралевите одигра вкупно 249 натпревари и постигна 105 погодоци, што никако не е лош учинок со оглед на тоа колку време поминува на теренот.