Борусија Дортмунд е спремна да ги слушне понудите за својот најдобар фудбалер, Пјер Емерик Обамејанг, но нема да го пушти да си замине за сума помала од 80 милиони евра.
Извршниот директор на „милионерите“, Ханс Јоаким Вацке изјави дека ја разбира желбата на Обамејанг кој сака да ја промени средината, но Боруија има свои барања.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Не можеме да гарантираме дека играчот ќе остане во Борусија до крајот на кариерата, но нашата сила е во тоа што секогаш наоѓаме вистинска замена. Ве потсетувам дека Обамејанг беше замена за Роберт Левандовски во Баерн. Спремни сме да ги слушнеме понудите, доколку некој клуб понуди 80 милиони евра ќе размислиме“, изјави Вацке.
Постои силен интерес за Обамејанг од страна на европските гиганти, па покрај Реал Мадрид за Африканецот ќе се борат и Манчестер Сити и Арсенал.