Maкедонскиот фудбалер, Доријан Бабунски кој е член на Ботев Варца се нашол на радарот на Левски Софија.
Денес бунгарските медиуми објавија дека еден од најголемите клубови во нивната земја сака да го доведе Бабунски кој прикажува одлични настапи по пристигнувањето во Ботев. Според нивните информации Левски е спремен да плати и оштета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бабунски за неколку месеци поминати во Ботев одигра 19 натпревари во Бугарија и постигна пет гола. Се додава и дека во Левски се импресионирани што своевремено македонскиот фудбалер бил дел од школата на Реал Мадрид.
Во случај да дојде до ваков трансфер Бабунски не би бил единствениот Македонец од пред неколку недели дресот на Левски го носи актуелниот репрезентативец Ѓоко Зајков.