Тимот на Далас стигна до 18. победа оваа сезона во НБА лигата, изминатата вечер Мавси предводени од Лука Дончиќ го совладаа Лејкерс со 124:115.
Лејкерс подобро го започнаа натпреварот и беа подобри во првата четвртина со 28:21. Добрата игра на Леброн и друштвото продолжи и во вториот период, па така на пауза заминаа со 54:43.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарите на Далас промашија голем број обиди за три поени, меѓутоа тие промашувања како да им се вратија во третата четвртина која им припадна со 51:21. Така го свртеа мечот во своја корист и славеа победа од 124:115.
Најдобар во редовите на Лејкерс беше Леброн со 38 поени, шест скоак и пет асистенции, додека Дончиќ ја заврши средбата со 32 поени, девет скока и девет асистенции.
Никола Јокиќ одново беше прво име кај Денвер и со неверојатен трипл-дабл од 41 поени и 15 асистенција и исто толку скокови го сруши Феникс.
Неизвесен беше натпреварот кој на крајот заврши 128:125 и тоа после продолженија. Денвер имаше подобар почеток на натпреварот, па така некаде на средина на првиот дел поведоа 15 поени разлика (26:11). Сепека, Феникс брзо се врати па првиот период заврши со 28:24.
Од втората четвртина Феникс беше тимот кој скоро цело време ја имаше предноста, но никако не успеваа гостите да се одлепат, па така во финишот видовме изедначување (113-113), а во продолженијата Денвер беше подобриот тим и стигна до победата. Кај Феникс најдобар беше Шемет со 31 поен, два скока и шест асистенции.