Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ за лудата тројка: Искрено – не знам како ми успеа!

Дончиќ за лудата тројка: Искрено – не знам како ми успеа!

Лука Дончиќ изминатата вечер повторно имаше свои фантастични моменти, а постигна дури 49 поени во победата против Бруклин.

Сепак, најмногу се издвои со тројката пред крајот на натпреварот при резултат 120:120. Далас тогаш поведе со три поени разлика, а на крајот славеше со 125:122. Новинарите го запрашаа Дончиќ за таа тројка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не знам како ми успеа. Видов дека остануваа само уште две три секунди и си кажав дека мора да шутирам. Морав да го погодам барем обрачот за да имаме шанса за нов напад, но ете ми успеа, не знам како“, изјави Дончиќ кој не криеше и дека тоа е веројатно најтешкиот шут кој го погодил во кариерата.

Мечот покрај 49 поени го заврши со уште 10 скока и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…