Лука Дончиќ ја игра само втората сезона во НБА лигата, но и покрај тоа се најде помеѓу тројцата главни кандидати за МВП во регуларниот дел од натпреварувањето. Неверојатниот 20 годишен Словенец оваа сезона просечно забележува 29.3 поени, 9.6 скокови и 8.9 асистенции по натпревар.
Дека Дончиќ игра неверојатна кошарка доказ се и пофалните зборови од еден Мајкл Џордан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лука е феноменален. И тоа толку млад. Покажува вештини за кои кај многу кошаркари потребно е долго време да се развијат. Ќе биде неверојатно да го гледаме како напредува“; изјави Џордан.
Инаку, Дончиќ неодамна потпиша петгодишен договор со брендот на Џордан и од тој спонзорски договор ќе заработи 100 милиони долари.