Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Донарума: Џиџи е број еден, ќе видиме до каде ќе стигнам јас

Донарума: Џиџи е број еден, ќе видиме до каде ќе стигнам јас

Џанлуиџи Донарума беше избран за МВП на Европското првенство и на италијанскиот голман му се предвидува фантастична кариера со оглед на тоа што има само 22 години и зад себе веќе има 250 натпревари.

Италија во него гледа вистински наследник на Џиџи Буфон, многумина уште сега ќе кажат дека има предиспозиции и да го надмине.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Џиџоне е најсилен од сите. Мое е да го давам најдоброто на теренот и секогаш сум спремен…Џиџи е број еден, а до каде ќе стигнам јас ќе видиме“.

Донарума истакна дека сите се пресреќни.

„Неверојатно, неописливо, фантастично…Пресреќни сме. Комплетно ние сме еден фантастичен тим и заслужено славиме. Тоа што рано примивме гол можеше психички да влијае, но ние не сме селекција која се откажува. Секако не беше лесно, но ние бевме спектакуларни“, изјави Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Алонсо во проблеми: Рела ослабен вечерва, но и во „Ел Класико“ за викендот!

Тимот на Реал Мадрид се соочува со нови проблеми пред претстојниот натпревар против Јувент…