Дома Фудбал Италија Донарума: Сакам да останам во Милан уште долго

Донарума: Сакам да останам во Милан уште долго

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума уште еднаш јавно потврди дека неговата желба е да остане уште долго на „Сан Сиро“.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мојата желба е уште долго да останам во Милан, агентот го знае тоа и нема никаков проблем. Тоа му го кажав на агентот и ќе видиме што ќе реши клубот. Сакам да продолжи овој позитивен момент што е можно подолго. Овие победи покажуваат дека сме силен колектив. Тимскиот дух е најважен за успехот на еден тим“, изјави Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ужас на влезот на Мостар: Маскирани навивачи извршија брутален напад и го запалија автомобилот (Видео)

Во вторникот наутро се случи тежок инцидент на магистралниот пат М-17, на влезот во Мостар…