Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ како најдобар голман на ЕП, но во Париз има статус на резерва.
Покетино повеќе му верува на Кејлор Навас, а Донарума често е на клупата за резерви и до сега запиша само неколку настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот Италијанец го загуби трпението и веќе му се пожалил на неговиот агент Мино Раиола.
Донарума сака да игра и е лут на Раиола што не му обезбедил трансфер во клуб каде ќе му биде гарантирано место во стартниот тим.
„Не е лесно, бидејќи јас бев навикнат да играм постојано. Признавам дека не се чуствувам добро кога седам на клупа, но се надевам дека наскоро ќе биде подобро“, призна Донарума.