Дома Фудбал Останато Докторот на Марадона: Диего ме бркаше, не заминав додека не стана од кревет 🎥

Докторот на Марадона: Диего ме бркаше, не заминав додека не стана од кревет 🎥

Поради смртта на Марадона под истрага се најде неговиот личен доктор, Леополд Лукуе.

Лукуе после обвинувањата зборуваше за медиумите и одговараше на нивните прашања. Во солзи раскажуваше дека не се работи за лекарска грешка и дека и тој го сакал Диего.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не сум одговорен, горд сум за се што направив за него и за неговото семејство. Ме навредуваше и ме избрка од неговиот дом. Кога се разболи така постапуваше со сите, не сакаше да зборува ниту со неговите ќерки. Кога ме бркаше му кажав дека нема да заминам додека не стане од кревет. Успеав да го подигнам и тогаш морав да заминам. Срцевиот удар е нормална работа за некој кој имал историја на болести како Диего“.

„На Диего ништо никој не можеше да му наметне, беше неверојатно тврдоглав. Требаше да се одвикне од алкохолот, но не сакаше. Моравме да правиме баланс помаѓу таблетите кои ги зимаше и алкохолот. Правеше што ќе посакаше. Не сум виновен за ништо и сум на располагање на обвинителството“, раскажа Лукуе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Араухо ја остави Барса на цедило, ПСЖ израмни🎥

Барселона и ПСЖ играат исклучително возбудливо прво полувреме и на пауза заминаа со резулт…