Oд поодамна квалитетот на женската кошарка во Македонија не е високо ниво, па затоа и разликата помеѓу оние подобри екипи и некои останати прволигаши е огромна.
Колкава е разликата помеѓу некои тимови најдобро можеше да се види во натпреварот од 10. коло во западната елитна група во која Работнички победи со скоро 100 поени разлика (97).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во ниту еден момент победникот на паркетот не беше доведен во прашање, гостинските, екипатан а Пантери во ниту една четвртина не постигнаа двоцифрен број на поени. Најлоша им беше втората четвртина која Работнички ја доби со 27:1. Тој еден поен им беше од едно реализирано слободно фрлање.