Дома Топ вести Доказ дека фудбалот е повеќе од игра: Навивачите на Дортмунд ги прибраа дома фановите на Монако!

Доказ дека фудбалот е повеќе од игра: Навивачите на Дортмунд ги прибраа дома фановите на Монако!

Дортмунд се најде во епицентарот на лудилото кога со експлозивна направа беше нападнат автобусот на играчите од Борусија. Сета среќа, нападот помина без човечки жртви, а германскиот клуб мораше да се позанимава со работи кои немаат врска со фудбалот.

Кога се смири ситуацијата и кога беше донесена одлука за одложување на натпреварот, клубот од Вестфален покажа колку му се важни него навивачите. Гостинските навивачи останаа на стадионот од безбедносни причини, а Борусија експресно реагираше и се позанимава со гостите.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Со оглед дека натпреварот беше одложен за денес, многу навивачи од Монако кои резервираа ноќевање само за вчера вечер или планираа после дуелот веднаш да се вратата во Франција, се најдоа во проблеми.

Но, Борусија покажа величина и широкоградоство домаќинската политика. На Твитер беше иницирана акција со порака „Кревет за гостинските навивачи“, каде навивачите од Монако можеа да се пријават за ноќевање кое многумина од домашните навивачи веднаш им го понудија и тоа бесплатно.

Веднаш потоа на социјалните мрежи се појавија фотографии со хаштагот #bedforawayfans на кои се гледа како фановите на Борисија во своите домови се дружат со гостинските навивачи на кои им понудиле смештај и храна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…